top of page

Инспекција на моторни возила 

Во рамките на Техничката служба за возила функционира и Инспекциско тело за моторни возила чија основната дејност е единечно одобрување на возила од категориите L, M, N, O, T, C, R, S; одобрување на преправени и поправени возила; одобрување на тип на возило. Инспекциското тело за прв пат е акредитирано од страна на Институт за акредитација во 2008 година под ознаката ИТ – 009

 

ИТ – 009 нуди:

  • Единечно одобрување на возила од категориите L, M, N, O, T, C, R, S;

  • Одобрување на преправени и поправени возила;

  • Одобрување на тип на возило;

  • Идентификација и идентификација и оцена на техничката сообразност

  • Евидентирање на промени кои не значат преправки и поправки;

  • Сертифицирање на возила за превоз на опасни материи (АДР)

    • АДР одобрување и годишни технички проверки на возила за превоз на опасни материи;

    • Проверки на цистерни за транспорт на опасни материи без надпритисок (класа 3 до 9);

  • Сертифицирање за подготвеност за сообраќај (СЕМТ)

  • Инспекција при утврдување и втиснување на идентификациски ознаки на возила (број на шасија и број на мотор);

  • Проверка на исполнетост на посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат деца;

  • Проверка на исполнетост на посебни технички барања на возилата кои се користат за јавен превоз.

Ти требаат повеќе информации?

Посети го сајтот на лабораторијата за инспекција на моторни возила

bottom of page