top of page
Avionics Engineering

Организациски единици

ЦИРКО има агилна структура способна да ги фокусира своите ресурси за тековните активности во согласност со моменталните приоритети. Поддршката од Машинскиот факултет - Скопје го прави ЦИРКО постојано сигурен партнер на секој проект. Посветеноста на сите истражувачи кон меѓународната соработка го движи центарот кон обезбедување на најдобри резултати во своите меѓународни активности.

Сектор за општи, технички и административни работи

  • Правни и општи кадровски работи

  • Развојно информатички активности

  • Заеднички работи за сите сектори, логистички работи

  • Административни работи со цел поддршка на останатите сектори и поддршка на услугата на клиентите на друштвото

  • Изготвување на анализи и други стручни материјали од доменот на обавување на работите на секторот

  • Одржување, хигиено-технички работи и сл.

2

Сектор за континуирано образование и доживотно учење 

Секторот за континуирано образование и доживотно учење е одговорен за организација на семинари, обуки, тренинг, работилници, курсеви за професионално и континуирано образование за потребите на правни и физички лица, како и за дејноста од останатите сектори во ЦИРКО.

3

Сектор за опрема под притисок, метални конструкции, жичари и ски-лифтови

Во овој сектор се вршат следните работи:

  • Технички прегледи и периодични испитувања на опрема под притисок, метални конструкции, жичарници и ски-лифтови

  • Оцена на сообразност на опрема под притисок, метални конструкции, жичарници и ски-лифтови

  • NDT испитувања

  • Оценка и изготвување на NDT извештаи

  • Изготвување на технички извештаи

  • Други активности од областа на заварување и заварени конструкции

4

Сектор за лифтови, дигалки и транспортери

Во овој сектор се вршат следните работи:

  • Технички преглед и периодични испитувања на лифтови, дигалки и транспортери

  • Оценка на сообразност на лифтови, дигалки и транспортери

  • Изготвување на технички извештаи

  • Други активности од областа на лифтови, дигалки и транспортери

5

Сектор за возила

Во секторот за возила се вршат следниве работи:

  • Раководење со оперативни работи во постапките на технички прегледи на возилата, инспекциски активности и испитување на возилата

  • Оперативни работи во постапките на технички преглед на возилата, инспекциски активности и испитување на возилата

  • Административни работи во постапките на испитување, инспектирање и прегледи на возилата

  • Подготовка на технички извештаи и други технички документи

  • Подготовка на работни и помошни материјали за оперативна работа

  • Подготовка на технички извештаи и други технички документи

  • Други активности од областа на возила

6

Сектор за компетенции

Во секторот за компетенции се вршат следните работи:

  • Технички активности поврзани со Центарот за компетенции

  • Активности за примена на добрата пракса

  • Активности за квалитет на обезбедените услуги

  • Активности за условите за правилна работа на центарот – расположивост на потребнатехничка опрема, кадар и работни услови

  • Активности за соработка со единиците во состав на Машинскиот факултет и други ентитети

  • Активности за идентификување, развивање и имплементирање подобрувања на својата работа за да се задоволат барањата на регулативата и на корисниците

  • За планирање на инвестициите и контрола на трошоците

  • Приготвување и одобрување на потребните планови и работни упатства

  • Обука на персоналот

7

Сектор за почисто производство

Во секторот за почисто производство се вршат следните работи:

  • Соработка со индустријата во Република Македонија и со други меѓународни институции во насока на изработка на студии за воведување на технологии на почисто производство

  • Оптимално користење на природни ресурси во компаниите, воведување на системи за енергетска ефикасност

  • Подобрување на конкурентноста на компаниите

8

Сектор за енергетика, екологија и горива

Во секторот за енергетика, екологија и горива се вршат следниве работи:

  • Соработка со индустријата во Република Македонија за изработка на студии, проекти, ревизии, надзори на полето на енергетиката, екологијата, енергетската ефикасност

  • Физибилити студии за мали хидроцентрали

  • Испитување на горива и ефикасно искористување на енергетските ресурси

9

Сектор за индустриски дизајн

Во секторот за дизајн се вршат следниве работи:

  • Индустриски дизајн на производи

  • Моделирање, симулација и анализа на прототипови на производи

  • Ергономски анализи и експериментална верификација на удобноста при седење

  • Моделирање на производи од пластика и калапни јадра

  • Креирање на презентации и анимации

  • Организација на семинари, обуки, тренинг, работилници, курсеви за професионално и континуирано образование од областа на дизајнот и моделирањето на производите, ергономски анализи и други анализи на производите, за потребите на правни и физички лица

Avionics Engineering
bottom of page